Датум на основање: 1884
Нашето патување, кое започнува во 1884 година со изградбата на зградата од страна на Хилми Бег Дерала а потоа со купувањето на зградата и основањето на основното училиште ,,О.У. Тефејјуз“ од страна на Османлиската држава, продолжува со полна брзина.
Подоцна, во 1919/20 година, „Тефејуз“, како и сите други училишта, преминува во управата на новоформираното Кралство на Југославија и ја продолжува својата дејност под името ОУ „Осман Џикич“. По повлекувањето на Османлиската империја од Скопје, училиштето Тефејјуз станува училиште на турското малцинство.
Случувањата кои настанаа како резултат на Балканските војни означуваат крај на Румелија. Дел од турското население, кое не се збогувало од Румелија, останало во Скопје, еден од најстарите турски градови во Румелија. Оваа преостана популација успева да опстане до денес и да одржи во живот една вековна образовна институција.
Образовната институција за која станува збор е основното училиште Тефејјуз. Училиштето Тефејјуз, кое првобитно функционирало уште за време на Османлискиот период, е исклучително добро воспоставена институција која ги преживеала периодите на Српското Кралство, Бугарската окупација, Република Југославија и Независна Македонија при што опстојувала заедно со Турците околу него, а исто така му служело на турското население кое суштествува на овие простори.
Наставник по Физичко Образование и Претседател на Федерација на училишен спорт на Македонија во Скопскиор Регион
Основно училиште Тефејјуз, Скопје - Северна Македонија
Директор
Педагог
Психолог